Церемонијата на подигнување на знаме на втората дизел-електрична подморница од проектот 636.3 „Варшавјанка“ со име „Ростов на Дон“ ќе се одржи на 30 декември, пренесува прес-службата „Адмиралските бродоградилишта“.
![]() |
Русија ја зајакнува Црноморската флота |
Подморницата „Ростов на Дон“ од проектот 636 е втора во оваа серија подморници. Нејзината изградба започна во 2011 година. Во август 2014 година подморницата „Новоросијск“ од истиот проект беше предадена на Воено-морските сили на Русија.
„На триесетти декември 2014 година ќе се одржи свечена церемонија, кога ќе се подигне на знамето на воено-морската флота на подморницата ‘Ростов на Дон’“, се пренесува во соопштението.
До 2016 година се планира изградба на шест подморници од проектот 636.3. Сите подморници од овој проект треба да влезат во составот на Црноморската флота.
Подморниците од проектот 636.3 припаѓаат на третата генерација подморници. Тие имаат депласман од 3.950 тони, брзина од 20 јазли, максимална длабочина на пловење од 300 метри и екипаж од 52 лица. Овие подморници се познати по можноста да откријат цел на растојанија три-четири пати поголеми од противникот, поради што во НАТО го добиле името „црна дупка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче