Тејлор: САД самите си штетат со заострување на односите со Русија

Сите последни акции на САД, особено Актот за поддршка на слободата на Украина, сведочат за тоа дека Америка ја користи украинската криза за да предизвика дополнителна ескалација на конфликтот со Русија.

Сите последни акции на САД, особено Актот за поддршка на слободата на Украина, сведочат за тоа дека Америка ја користи украинската криза за да предизвика дополнителна ескалација на конфликтот со Русија, и, најверојатно, и провоцирање на вооружен конфликт, пишува уредникот на списанието The Atlantic Џенфри Тејлор во својата статија во The Foreign Policy.

Не треба да се очекува дека под притисок Русија ќе изјави дека приклучувањето на Крим во составот на РФ „била голема грешка“, или, пак, дека ќе ја измени својата позиција околу украинското прашање, забележува Тејлор. Според него, со постојаните провокации Вашингтон само ја отежнува својата позиција во соработката со Москва. И покрај западните санкции, Русија продолжува да ја зголемува својата воена моќ, префрлајќи огромни средства за вооружување на армијата со ново оружје, а силната реторика од двете страни веќе ги надмина сите граници, се кажува во статијата.

Западот треба да најде политичко решение и да ги нормализира односите со Москва до ниво кога може да се зборува за „мирна коегзистенција“. Наместо тоа, „САД со своите дејства го прават сосема спротивното, т.е. прават сѐ што може за да се усложни нормализацијата на односите“, пишува новинарот.

Според Тејлор, мир меѓу Русија и Западот може да обезбеди писменото ветување од САД и ЕУ дека Украина ќе го задржи неутралитетот и нема да се приклучи кон НАТО. И покрај тоа што зачленувањето на Украина во НАТО е многу малку веројатно, Западот треба да даде јасни гаранции.

„Украинската Врховна рада само што прифати закон за укинување на неутралниот блоковски статус, кој беше утврден во 2010 година. Освен тоа, во законскиот проект се кажува дека зачленувањето на Украина во НАТО е национална цел. Лидерите на НАТО треба да ги ослободат Украинците од илузиите. И тоа треба да биде направено брзо.“, пишува авторот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња