Силуанов: Вредноста на рубљата во почетокот на 2015 ќе расте

Според макроекономските параметри нема никакви основи рубљата да слабее, изјави министерот за финансии на Русија Антон Силуанов.
Паника во руските продавници

Рубљата во почетокот на 2015 година ќе расте. Според макроекономските параметри нема никакви основи рубљата да слабее, изјави министерот за финансии на Русија Антон Силуанов, а пренесува РИА Новости.

Минатата недела се случи најголемиот пад на рубљата од 1998 до сега – рубљата падна за 17% за два дена. Доларот се менуваше за 80,1 рубљи, а еврото за 100 рубљи.

„Во следната година рубљата ќе расте. Нема никаква основа за повторно да започне ослабување на нашата валута“, изјави Силуанов за новинарите. Притоа, тој додаде дека ова е прогноза само за првиот квартал во 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња