Санкциите против Русија доведоа до затворање на илјадници италијански компании

Антируските санкции станаа причина за затворање на повеќе илјади комерцијални претпријатија во италијанскиот регион Емилија-Ромања, пишува интернет-весникот Imola Oggi.

Антируските санкции станаа причина за затворање на повеќе илјади комерцијални претпријатија во италијанскиот регион Емилија-Ромања, пишува интернет-весникот Imola Oggi.

Во 2014 година во регионот Емилија-Ромања 1.900 компании ја прекинале својата дејност, ги пренесува изданието податоците од организацијата за земјоделски претпријатија Agrinsieme Emilia Romagna. Според зборовите на координаторот на организацијата Џилермо Гарањани, санкциите кон Русија довеле до силен пад на регионалниот извоз и негативно влијаат врз земјоделското производство во регионот.

Претприемачите ги повикуваат регионалните власти да донесат план за излез од ситуацијата. Различни овласти во Италија веќе бараат владата да преземе нешто околу ова прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња