Премиерот на Јапонија доби покана од Русија за празнување на 70-годишнината од победата во Втората светска војна

Во декември помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков потврди дека Москва ги поканила лидерите на земјите кои учествуваа во антихитлеровската коалиција, вклучувајќи ги САД и државите членки на БРИКС.

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе доби покана од руската страна за празнување на 70-годишнината од победата во Втората светска војна заедно со првите лица на многу други држави, како на пример претседателот на Јужна Кореја Пак Кин Хе и лидерот на Северна Кореја Ким Чен Ун.

„Поради јапонските санкции против Русија, премиерот на Јапонија подоцна ќе донесе решение за учество на празнувањето“, се кажува во соопштението на агенцијата Киодо.

Во декември помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков потврди дека Москва ги поканила лидерите на земјите кои учествуваа во антихитлеровската коалиција, вклучувајќи ги САД и државите членки на БРИКС.

Традиционално во Москва на јубилејното празнување на Победата над фашизмот се покануваат лидерите на многу држави. За празнувањето на 65-годишнината зедоа учество германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Израел Шимон Перес, претседателот на Кина Ху Џинтао, генералниот секретар на Советот на Европа и лидери на други земји. Претседателите на САД, Франција, како и премиерите на Италија и Велика Британија се откажаа од учеството во празнувањето поради различни причини. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња