Ако економијата на Русија доживее пад, Германците ќе бидат тие кои ќе ја „платат највисоката цена“ за тој пад, изјави аналитичарот на банката Baader Bank Роберт Халвер во интервју за Deutsche Wirtschafts Nachrichten.
Според зборовите на Халвер, Русија е „остров на економски раст“ за Германија. Економистот забележа дека во последните неколку години Германија добивала „колосален профит“ од извозот во Русија.
Освен тоа, аналитичарот смета дека Русија е важен алтернативен пазар во кој Германија може да ја извезува својата продукција во случај на пречки и проблеми во еврозоната. Сега со секој нареден ден Германците го губат тој пазар, подвлекува тој.
Претходно германските медиуми пишуваа дека економските проблеми на Русија негативно ќе влијаат како на одделни претпријатија, така и на цели гранки од индустријата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче