Претставниците на Социјал-демократската партија во Германија (СДПГ), а особено министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер и вицеканцеларот Зигмар Габриел, сѐ почесто јавно изразуваат незадоволство од политиката на санкции кон Русија и се спротивставуваат на идејата за засилување на санкциите, пишува Neue Zurcher Zeitung.
Според информацијата на изданието, извори во СДПГ укажуваат дека укинување на санкциите посакуваат „моќните сили“ во Италија, Унгарија, Бугарија и Словачка. И Германија, како што се забележува во СДПГ, треба да го земе предвид тоа и да ја убеди Полска и балтичките држави да се откажат од својата позиција кон Русија.
Претставниците на СДПГ, вицеканцеларот Габриел и министерот за надворешни работи Штајнмаер отворено и „речиси со исти реченици“ изјавуваат дека Западот треба да размислува не само за засилување на санкциите и прифаќање на Украина во НАТО, туку и за “нова политика во Европа“.
Според мислењето на весникот, со ова водечките социјал-демократи сакаат да ги ограничат дејствата на канцеларката Меркел околу украинското прашање. Весникот додава дека несогласувањата меѓу СДПГ и канцеларката Меркел јасно излегле на виделина за време на самитот на Г-20 во Бризбејн, кога Меркел одржа говор во кој остро ја нападна Русија, а шефот на МНР на Германија истиот дел изјави дека не треба јавно да се „блокира можноста за намалување на тензиите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче