Западни медиуми: Цел на новата воена доктрина на РФ е притисок врз НАТО

Според мислењето на американското издание, измените од претходниот документ се незначителни.

Американскиот весник “Los Angeles Times” пишува дека Владимир Путин донел нова воена доктрина на РФ во која НАТО се третира како главна закана за безбедноста на Русија, пренесува RT.

Според мислењето на американското издание, измените од претходниот документ се незначителни, но Москва со помош на новата верзија се обидува да го зголеми притисокот врз НАТО со цел оваа организација да се откаже од привлекувањето на Украина во својата сфера на влијание.

“Los Angeles Times” истакнува дека промената на воената доктрина ја покажува „зголемената чувствителност“ на Русија во контекст на оддалечувањето на Украина од традиционалната сфера на влијание на Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња