Ракетните сили на Русија ја тестираа балистичката ракета „Јарс“

Ракетата ја погодила целта на полигонот „Кура“ на полуостровот Камчатка.
Графикон: ЈАРС

Ракетните сили за стратешка намена извршија успешно тестирање на ракетата „Јарс“ (која користи тврдо гориво) од космодромот „Плесецк“, изјави Министерството за одбрана на Русија.

„Во 11:02 по московско време од космодромот ‘Плесецк’ беше извршено лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета РС-24 ‘Јарс’ на мобилна лансирна платформа“, се кажува во соопштението.

Ракетата ја погодила целта на полигонот „Кура“ на полуостровот Камчатка.

Ракетните сили за стратешка намена активно се вооружуваат со новите комплекси „Јарс“, која ќе треба да биде најчесто користена ракета на тврдо гориво во Ракетните сили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња