![]() |
Графикон: Амблемот за СП 2018 |
Потпишани се сите државни договори за изградба на стадионите за Светското фудбалско првенство во 2018, пренесува РИА Новости.
Во петокот беше потпишан договорот за изградба на стадионот во Ростов на Дон. Останатите договори беа потпишани претходно.
Натпреварите од СП 2018 ќе се одржат на 12 стадиони во 11 градови во Русија: Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижни Новгород, Самара, Саранск, Ростов на Дон, Сочи и Екатеринбург. Во Москва натпреварите ќе се одржат на стадионите „Лужнки“ и „Спартак“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче