„Гаспром“ бара испорачувачи на технологии и услуги во земјите кои не ги поддржуваат санкциите на Западот

„Гаспром“ бара вршители на услуги и испорачувачи од државите кои не ги поддржуваат технолошките санкции на Западот против руските компании, изјави заменикот претседател на компанијата Андреј Круглов.

„Гаспром“ бара вршители на услуги и испорачувачи од државите кои не ги поддржуваат технолошките санкции на Западот против руските компании, изјави заменикот претседател на компанијата Андреј Круглов.

Кој настрада од откажувањето од Јужен тек

„Гаспром“ и ќерката-компанија „Гаспром нафта“, заедно со други нафтени компании се најдоа во санкцискиот список на Западот. ЕУ и САД од 1 август забранија испорака на опрема за морско истражување и експлоатација на нафта. Во септември санкциите беа засилени – се донесе забрана за давање услуги за извршување на било какви проекти во оваа сфера. Притоа, ограничувањата од ЕУ се однесуваат на целиот нафтен сектор во Русија, а САД укажаа конкретни компании на кои им е забрането да соработуваат со американските компании: „Гаспром“, „Гаспром нафта“, „Роснефт“, „ЛУКОИЛ“ и „Сургутнефтегас“.

„За да се намали негативното влијание на санкциите кои се однесуваат на пристапот до технологиите и услугите кои се потребни за реализација на сложените технолошки проекти, групата „Гаспром“ започнува со барање на испорачувачи на услуги и технологии од државите кои не ги поддржуваат санкциите“, изјави Круглов.

„Треба да се подвлече дека приходите на компанијата не страдаат поради санкциите. Притоа, треба да се има предвид дека имаме големи резерви кои веднаш може да ги активираме, па затоа ‘Гаспром’ нема да забележи посебни финансиски тешкотии“, додаде Круглов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња