Чижов: Србија е под притисок од страна на ЕУ

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов изјави дека Србија е под притисок од страна на ЕУ за да се натера земјата за поголема соработка со Брисел, пренесува РИА Новости.

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов изјави дека Србија е под притисок од страна на ЕУ за да се натера земјата на поголема соработка со Брисел, пренесува РИА Новости.

„Што се однесува до Србија, ние знаеме дека оваа држава во последно време е под зголемен притисок од Европската унија за да се забрза приближувањето на ставовите и политичките позиции меѓу Белград и Брисел“, изјави Чижов.

Според зборовите на Чижов, српското раководство дава отпор на овој притисок, и тоа може да се разбере. „Не се работи само во традиционалната љубов кон нашата држава, тоа е поврзано и со тоа што во следната година Србија ќе претседателствува во ОБСЕ. Како држава-претседавач таа ќе биде изложена на друг вид притисок“, додаде Чижов.

Притоа постојаниот претставник на РФ во ЕУ додаде дека „Србија и другите држави во регионот ќе станат членки на ЕУ, и од моментот за зачленување тие ќе мораат да се приклучат на политичката унија на ЕУ. Но тогаш ќе се појави шанса за влијание одвнатре, како што тоа го прават сега неколку држави кои се наклонети кон Русија во ЕУ“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња