Последните санкции на Европската унија против Крим се глупави, тие директно се на штета на населението на полуостровот, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов.
„Последниот пакет санкции не е наменет против раководната структура на Крим или против некои компании, тоа се санкции кои фактички создаваат проблеми во нормалниот живот на жителите на полуостровот“, изјави рускиот дипломат за време на видеомостот организиран од „Русија денес“.
Крим и Севастопољ станаа руски региони по референдумот кој се изврши во март 2014 година, кога повеќето жители на полуостровот гласаа за приклучување на Крим кон Русија. САД и ЕУ не го признаваат приклучувањето на Крим кон Русија, па веднаш следуваа санкции против физички и правни лица од Русија.
„Ќе наведам пример – во списокот на производи кои е забрането да се испорачуваат на Крим се најдоа фрижидери, клима уреди, машини за миење садови, правосмукалки. Тоа не претставува ништо друго освен уништување на нормалниот животен тек на граѓаните во оној дел од светот кој ЕУ сѐ уште го смета за дел од Украина. Тоа е глупост!“, забележа Чижов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче