Во руски води задржан севернокорејски брод

Еден руски граничар е ранет во текот на задржувањето на севернокорејски брод кој се наоѓал во руски територијални води во Јапонското море.

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) соопшти дека денеска се случил инцидент во територијалните води на Русија, пренесува РИА „Новости“.

Севернокорејски рибарски брод е задржан во ексклузивната економска зона на Русија во Приморје (Јапонско море), еден руски граничар е ранет во главата при обидот за проверка на бродот, соопшти Федералната служба за безбедност на Русија.

Во текот на проверката на палубата на бродот се пронајдени незаконски стекнати водни биоресурси. 

При проверката посадата на бродот се однесувала агресивно кон припадниците на руската патрола, одбивајќи да ги исполни своите законски обврски, се вели во соопштението на ФСБ. При обидот за напад врз руските граничари, ранети се девет членови на посадата на севернокорејскиот брод, од кои еден подоцна починал.

ФСБ наведува дека руските граничари првин пукале во воздух во знак на предупредување, а потоа во самоодбрана. На членовите на патролата во помош им притекнале специјалците на ФСБ. Бродот на кој се наоѓале руските граничари одбил, како што се наведува, да ги исполни барањата на руските граничари и се обидел да се оддалечи во правец на ексклузивната економска зона на Северна Кореја. Рускиот стражарски брод отворил оган кон рибарскиот брод и успеал да го запре.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња