Започна изградбата на шестата нуклеарна подморница од проектот „Бореј“

Во моментов во борбениот состав на Руската воена морнарица има три нуклеарни подморници од овој проект: „Јуриј Долгоруки“, „Александар Невски“ и „Владимир мономах“. Уште две вакви подморници се градат во „Севмаш“: „Кнезот Олег“ и „Кнезот Владимир“.
Графикон: Проект 955 „Бореј“

Започна изградбата на шестата по ред нуклеарна подморница од проектот 955 „Бореј“. Изградбата започна вчера во претпријатието „Севмаш“, пренесува РИА Новости.

Во моментов во борбениот состав на Руската воена морнарица користи три нуклеарни подморници од овој проект: „Јуриј Долгоруки“, „Александар Невски“ и „Владимир мономах“. Уште две вакви подморници се градат во „Севмаш“: „Кнезот Олег“ и „Кнезот Владимир“.

Во свечената церемонија на почетокот на изградбата учествуваа вицепремиерот Дмитриј Рогозин, заменикот министер за одбрана Јуриј Борисов и други официјални лица.

До 2020 година се планира изградба на осум подморници од проектот „Бореј“. Нивната должина изнесува 170 метри, ширината 13,5 метри, а депласманот - 24.000 тони. Нуклеарните подморници од овој проект можат да носат 16 интерконтинентални балистички ракети „Булава-30“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.