Западни медиуми: Американците гледаат „тајно оружје“ во „Ангара“

„Ангара-А5“ е наменета за лансирање на тешки космички летала во орбитата.

Русија успешно ја лансираше новата ракета-носач „Ангара-А5“, пренесува германскиот информативен портал „Focus“. Според соопштението на Минситерството за одбрана на Русија, ракетата е лансирана од космодромот Плесецк во Архангелската област. Претседателот на Русија Владимир Путин пробното лансирање го следел преку видео-конференција, нарекувајќи го „големо и значајно достигнување“. „На овој начин јакне безбедноста на Русија“, истакна Путин.

„Ангара-А5“ е наменета за лансирање на тешки космички летала во орбитата, како што се, на пример, истражувачките и воените сателити. Притоа, оваа ракета нема да ја загадува атмосферата, пишува „Focus“. Во својот прв лет ракетата носеше со себе товар од преку 2 тона.

Новата ракета го доби името по сибирската река Ангара, и таа во иднина треба да ги замени застарените модели „Протон“ и „Рокот“. „Ангара“ е првата ракета која се појави од времето на Советскиот Сојуз и која е во целост произведена во Русија. Нејзиното создавање и конструирање чинеше 3,5 милијарди евра. „Focus“ смета дека овој проект е „надеж и потпора за плановите на космичката нација за поголема независност од другите држави“.

Меѓутоа, САД се сомневаат во мотивите на руската страна и ја обвинуваат Русија дека тајно развива проект за ракети со среден домет, со што го крши Договорот за елиминирање на ракети од среден и краток домет, пишува германскиот портал. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња