Обединетата корпорација за производство на инструменти (ОПК) кон крајот на 2016 година ќе започне со испорака во руската армија на најновите беспилотни летала од мала класа „Корсар“, изјави во интервју за РИА Новости генералниот директор на ОПК Александар Јакунин.
![]() |
Четирипати повеќе беспилотни летала |
„Во моментов реализираме голем проект за создавање на беспилотно летало од мала класа ’Корсар’, како и организација на сериското производство. Почетокот на производството е планиран за првиот квартал во 2017 година, но сметаме дека испораките на ’Корсар’ можат да започнат веќе кон крајот на 2016 година“, изјави Јакунин.
Според зборовите на Јакунин, новото беспилотно летало предвидува мониторинг на ситуацијата во радиус од 50 километри, со што ќе биде уникатен за руската армија.
„Ова е сосема нов производ во Русија. Ваков проект во земјава никогаш не бил реализиран“, подвлече Јакунин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче