Првиот лет на авионот МС-21 е планиран во 2017

Првиот лет на рускиот авион МС-21, опремен со мотори ПД-14, е планиран во текот на 2017 година.
Фотогалерија: Како се конструираат руските авиони?

Првиот лет на рускиот авион МС-21, опремен со мотори ПД-14, е планиран во текот на 2017 година, изјави шефот на советот на директори во Обединетата корпорација за производство на мотори (ОДК) Владимир Артјаков.

„Во 2017 ќе се изврши првиот лет на МС-21-300 со моторите ПД-14. Компанијата ’Иркут’ (главен создавач на МС-21) го определи распоредот за спроведување на тестовите и сертифицирање на авионот со новите ПД-14 мотори. Барањето за добивање сертификат е поднесено во 2013 година, а истото треба да биде одобрено до април 2017 година. Не гледаме опасност од прекин на проектот“, изјави Артјаков во интервју за весникот „Комерсант“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња