„Пајажина“ ќе ги штити руските државни објекти од хакери

Во интервју за РИА Новости генералниот директор на Обединетата корпорација за производство на инструменти (ОПК) при корпорацијата „Ростех“ Александар Јакунин изјави дека програмскиот комплекс „Пајажина“ ќе биде создаде исклучително по нарачка на Министерството за одбрана на Русија.

Обединетата корпорација за производство на инструменти (ОПК) создаде комплекс „Пајажина“ за заштита на важните државни објекти од хакери, изјави во интервју за РИА Новости генералниот директор на ОПК Александар Јакунин.

„Еден од поголемите проекти на ОПК годинава е програмскиот комплекс ’Пајажина’, создаде по нарачка од Министерството за одбрана. Комплексот е способен да одбие компјутерски напади во реално време. Специјални сензори го анализираат сообраќајот, а системот ја покажува состојбата на апаратите кои се заштитени, како и нивото на нападот (критичен, некритичен)“, изјави тој.

Со растот на светската информатизација се зголемуваат и опасностите: секоја година вируси и тројанци напаѓаат милиони компјутери во светот, а најголемите држави во светот регуларно се обвинуваат за хакерски напади.

Во моментов Русија создава национална стратегија за сајбер-безбедност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња