Неиспораката на „Мистралите“ од страна на Франција ќе ја уништи довербата кон оваа земја

Непочитувањето на договорот за испорака на „Мистралите“ на Русија ќе биде уште еден стимул за Русија да стане уште понезависна од странските делови, смета рускиот постојан претставник во НАТО Алекандар Грушко.
Русија остана без „Мистралите“

Доколку Франција се откаже од испораката на носачите на хеликоптери „Мистрал“ на Русија, тоа ќе ја уништи довербата кон Париз и ќе биде само уште еден стимул за да се замени увозот на компоненти со производство на компоненти во Русија, изјави постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко.

„Тоа ќе биде уште еден стимул за да станеме понезависни од странските компоненти“, изјави тој за „Русија денес“.

Дипломатот потсети дека решението да се купат „Мистралите“ бил „знак на доверба кон нашите партнери“. „Затоа неспособноста и одбивањето да се исполни договорот, секако, ќе има сериозни последици по довербата кон таа земја“, подвлече тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња