Обвинувањата кои Ангела Меркел ги упатува кон Русија може веднаш да си ги адресира себеси: во случајот со украинскиот конфликт Западот го жнее тоа што го посеал, пишува Heise.de.
Весникот го критикува постојаното „изненадување“ на Западот од политиката на Русија. „Изгледа критиката на Ангела Меркел кон Путин стана обична рутина“, пишува весникот.
Изданието исто така пишува за недамнешните изјави на Меркел, според кои Русија „создава проблеми“ на Украина, Молдавија, Грузија - на трите држави кои ги потпишаа договорите за асоцијација со ЕУ. По сѐ изгледа дека германската канцеларка одлучува да ги избегне нормите на меѓународното право, како и геополитичката ситуација, пишува Heise.de.
Како што пишува медиумот, Берлин нема право да ја обвинува Русија за „анектирање“ баш поради тоа што „имено Западот во 1999 година со помош на НАТО водеше незаконска војсна против Југославија, нарушувајќи го со тоа меѓународното право. Кога Меркел ја критикува Русија, Берлин заборава на Косово“, забележува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче