Русија во новата верзија на воената доктрина го остава правото да примени нуклеарно оружје како одговор на примената на нуклеарно оружје против неа или нејзините сојузници, како и доколку се примени конвенционално оружје и е под закана самото постоење на државата, се кажува во воената доктрина, потпишана од претседателот на Русија и објавена на интернет-страницата на Кремљ.
Претходно во некои медиуми се појавија тврдења дека во новата верзија на воената доктрина ќе биде воведен терминот „превентивен удар“. Сепак, во официјалната верзија на воената доктрина не се среќава таков термин.
Во документот се забележува дека нуклеарното оружје е и ќе биде важен фактор во спречувањето на појава на нуклеарни конфликти, но и конфликти со конвенционално оружје.
Решение за примена на нуклеарно оружје носи шефот на руската држава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче