Шојгу во 2015 година ќе ја посети Индија - најголемиот увозник на руско оружје

Русија и Индија се најголеми партнери во воено-техничката сфера: повеќе од 70% од вооружувањето во индиската армија доаѓа од Русија.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во 2015 година ќе отпатува со официјална посета во Индија, изјави заменикот министер за одбрана на Русија Анатолиј Антонов.

„Идната година министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу ќе отпатува во Делхи“, изјави тој за „Русија денес“.

Зборувајќи за она што е остварено во односите меѓу двете земји, Антонов забележа дека „Русија и Индија започнале со штапски преговори, како и дека годинава се одржале вежби со учество на двете армии“.

Освен тоа, Индија останува најголем партнер во сферата на воената соработка. Повеќе од 70% од оружјето кое се наоѓа во составот на индиската армија доаѓа од Русија.

Во 2013 година Русија продала во Индија воена техника во вредност од 4,78 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња