Рогозин: летовите кон Месечината и Марс засега не се исплатливи

Вицепремиерот на Русија изјави дека порано му се допаѓала идејата за лет кон Марс и Месечината, но сега, според него, треба да се пресметка колку тоа ќе чини, бидејќи Русија сега е во деликатна состојба и нема доволно средства.

Вицепремиерот на Русија Дмитриј Ротозин изјави дека засега нема потреба од летови накај Месечината и Марс.

Планот на Русија за освојување на Месечината

„Некои специјалисти од Роскосмос кажуваат дека треба да одиме на Месечината. И мене порано ми се допаѓаше таа идеја. Но сега треба да се пресмета колку тоа ќе чини. Какви ни се реалните цели на Месечината, какви метали таму можат да се ископуваат... Сето тоа треба да се пресмета, бидејќи немаме доволно средства, а и геополитичката состојба не е баш најдобра“, изјави Рогозин за „Вести 24“.

Исто така, Рогозин даде изјава за идните летови на Марс: „Уште еднаш ќе кажам, да пресметаме колку ќе чини тоа. Еве, НАСА се интересира за Марс. Иако се сомневам во тоа дека тие ќе полетаат кон Марс и дека ќе слетаат на планетата... Но дури и да го направат тоа, што понатаму? И какви конкретни задачи можеме да решиме на Марс - ете тоа треба да се размисли“, заклучи вицепремиерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња