Путин: проблемите во економијата се поврзани и со пропустите на власта

Според мислењето на претседателот на Русија Владимир Путин, тековните проблеми во економијата доаѓаат не само однадвор.

Проблемите во економијата на Русија не носат само надворешен карактер. Тие се поврзани и со слабостите во самата власт, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Проблемите со кои се судривме не носат само надворешен карактер. Тие се поврзани не само со ограничувањата преку санкциите, или со ограничувањата поврзани со објективната меѓународна конјуктура, тие доаѓаат и од слабостите и пропустите кои се трупале со години“, изјави претседателот на Русија во четвртокот за време на средбата со членовите на Владата.

Тој забележа дека властите на Русија одамна преземаат напори за да ја изменат структурата на економијата, трудејќи се да ја направат поиновативна.

„Во тој правец веќе доста е направено, но резултатите и случувањата сега покажуваат дека тоа не е доволно“, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња