Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров не се согласува дека Русија ја „изгубила“ Украина. Според него, кога кризата ќе заврши, односите меѓу Москва и Украина ќе бидат повторно нормални.
„Не сум согласен дека ја ’изгубивме’ Украина. Веројатно за Американците таквата мисла е потребна заради зацврстување на нивните лидерски позиции во светот... Невозможно е Русија и Украина да се разединат, ние сме поврзани преку столетија заедничка историја“, изјави Лавров за време на телевизиска програма на каналот „Русија“.
„Убеден сум дека оваа трагична етапа во историјата на Украина ќе биде надмината и дека украинскиот народ повторно ќе засака баланс и согласност... Тогаш дури односите со Русија повторно ќе бидат прекрасни“, додаде рускиот минитер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче