![]() |
Русија остана без „Мистралите“ |
Вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека бродовите „Мистрал“ нема да можат да бидат препродадени на трети земји поради нивните технички параметри кои не одговараат на било кој потенцијален купувач.
Препродажбата на носачите на хеликоптери „Мистрал“, изградени по договор и технички карактеристики побарани од руската страна, нема да биде возможна, изјави вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин.
„Овие два брода се изградени со зададени технички карактеристики кои одговараат на Воено-морската флота на Русија, па затоа трети земји не може да ги користат. Технички тоа е невозможно“, изјави Рогозин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче