Бразилски новинар: На Русија ѝ е објавена економска војна

Логиката на економските санкции се состои во тоа да се предизвика страдање кај рускиот народ до степен кога тој „конечно ќе го слушне гласот на разумот“, ќе гине на улиците додека се бори против владата и би се потчинил на било кои економски барања на Западот, смета новинарот Антониу Желиш.

На Русија ѝ е објавена економска војна, смета новинарот Антониу Желиш, пишувајќи во својата статија во весникот Carta Major.

Желиш пишува за русофобијата која се распространува на Западот. Меѓу причините кои носат до тоа тој наведува неколку. Прво - несакањето Русија да ја признае улогата на губитник во Студената војна. Второ - создавањето бариери за слободно ширење на западниот финансиски капитал во државата. Трето - демонизацијата на Русија од страна на Западот поради обидите на Русија да ја задржи Украина во своето поле на влијание.

Новинарот смета дека логиката на економските санкции се состои во тоа да се влошат условите на рускиот народ до степен кога тој „ќе го слушне гласот на здравиот разум“, би гинел на улиците борејќи се против владата, за да се потчини потоа на барањата на Западот. тоа, според мислењето на авторот, нема да се случи, но дури и да се случи, тоа би го отворил патот на западниот шпекулативен капитал, кој денес се соочува со проблеми и одржување на показателите на како во минатото.

Антиниу укажува дека економските санкции против Русија се рефлектираат и на Европа. Освен тоа, девалвацијата на рубљата во одреден степен компензира за падот на цените на нафтата, бидејќи приходите на руските компании од продажбата на нафтата во странство се врши во долари, додека нивните трошоци се плаќаат во рубљи. Сепак, според новинарот, светот денес не може а да не земе предвид една променлива која играше значителна геополитичка улога во 80-те, а денес има решавачко значење: Кина. Односите меѓу Русија и Кина во последно време станаа потесни, и не само на политички и економски план, туку и на воен план. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња