Роскосмос: на вселенската индустрија ѝ требаат млади специјалисти

Вселенската индустрија во Русија секоја година има потреба од 10.000 млади специјалисти, изјави шефот на Роскосмос, Олег Остапенко во Политехничкиот универзитет во Санкт Петербург.

Вселенската индустрија во Русија секоја година има потреба од 10.000 млади специјалисти, изјави шефот на Роскосмос, Олег Остапенко во Политехничкиот универзитет во Санкт Петербург.

Според неговите зборови, во моментов една од клучните задачи на Роскосмос е подготовка на висококвалифицирани кадри.

„Денес вселенската индустрија вработува 300.000 луѓе и секоја година се појавува потреба од 10.000 нови, млади специјалисти. Засега добиваме само по 4.000 нови специјалисти. Но прашањето не е само количествено да добиваме нови кадри, туку истите и квалитативно да бидат добри“, изјави Остапенко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња