Санкциите на САД и ЕУ против Русија ги нарушуваат правилата на СТО

Односите меѓу Русија и Западот се влошија поради ситуацијата во Украина. Кон крајот на јули ЕУ и САД воведоа санкции против одделни физички лица и компании, но и против цели сектори во руската економија.

Санкциите на САД и ЕУ против Русија ги нарушуваат нормите на меѓународното право, како и правилата на СТО, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

СТО како терен за борба против санкциите

Односите меѓу Русија и Западот се влошија поради ситуацијата во Украина. Кон крајот на јули ЕУ и САД започнаа со воведување санкции против физички и правни лица, но и против цели сектори на руската економија.

„Тоа што го гледаме сега претставува еднострана рестрикција од САД и ЕУ, а со тоа се нарушуваат меѓународните норми (вклучително и низа правила на Светската трговска организација) и декларираните концептуални приоди на западните колеги во развојот на меѓународната економска соработка - почитување на пазарните принципи и конкуренција“, изјави Лавров.

Според Лавров, „што се однесува до непочитувањето на економските постулати во пазарната економија, воведените санкции во значајна мера се насочени кон уништување на конкурентите“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња