Русија ќе биде кредитоспособна дури и при цена од 60 долари за барел нафта, изјави министерот за финансии на Русија Антон Силуанов.
Меѓународната агенција за рејтинг Standard & Poor's во средата ги ревидираше суверените рејтинзи на Русија за позајмување во странска валута од A-3 на BBB, и во национална валута од А-2 на ВВВ.
Одговарајќи на прашањата на новинарите дали Русија ќе биде кредитоспособна доколку цената на нафтата се задржи на 60 долари за барел, Солуанов одговори: „Секако. Имаме големи валутни резерви“.
Силуанов додаде дека валутните резерви и дополнителните фондови ќе ѝ помогнат на Русија да ги регулира сите свои финансиски обврски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.