Околу 400.000 бегалци од Украина ќе останат во Русија

Шефот на Федералната служба за миграција на Русија Константин Ромодановски изјави дека околу 400.000 бегалци од Русија можат да останат на територијата на Русија.

Околу 260.000 Украинци побарале прибежиште во Руската Федерација, а уште 130.000 поднеле барање за дозвола за привремен престој, изјави во средата шефот на Федералната служба за миграција на Русија Константин Ромодановски.

Според неговите зборови, околу 250-260.000 лица побарале од ФМС привремено прибежиште или статус на бегалец во Русија.

Шефот на ФМС изјави дека за решавање на проблемите со украинските бегалци Русија издвоила повеќе од 6,5 милијарди рубљи.

Киевските власти во април на истокот во Украина започнаа воена операција против жителите кои се незадоволни од државниот преврат во регионот. Според последните податоци на ООН, околу 4,3 илјади лица загинале во конфликтот, а речиси 10.000 се ранети. Вкупниот број на украински бегалци во Русија надминува 830.000. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња