Нил Кларк: поддржувајќи ги санкциите против Русија, Камерон само ѝ наштетува на Велика Британија

„Боцкајќи“ ја руската мечка, Камерон само штети на интересите на Британија, смета авторот.

Ако Дејвид Камерон навистина сака да го стави акцентот на интересите на Велика Британија, тој би ги оспорил санкциите против Русија и нема да се радува на падот на цените на нафтата и падот на вредноста на рубљата. Но наместо тоа, британскиот премиер го прави спротивното, а со тоа покажува дека дејствува во интересите на државите кои сакаат да ја казнат Русија за независното мислење кое го покажува, пишува Нил Кларк во својата статија во „Спутник“.

Минатата недела за време на говорот во парламентот Дејвид Камерон изрази воодушевување од ефектот кој го предизвикаа антируските санкции, и го повика Западот да продолжи да ја притиска Русија со драконски мерки. „Треба да вршиме притисок врз Москва... тоа е во интерес на Обединетото Кралство и демократијата“, изјави Камерон.

Освен тоа, Камерон изјави дека комбинацијата на ниска цена на нафтата и санкциите поакжаа дека Русија не може да биде дел од светскиот финансиски систем, се кажува во статијата.

„Интересно... кого Камерон се обидува да лаже? Санкциите против Русија, падот на рубљата и економската студена војна со Москва воопшто не се во интересите на Велика Британија“, пишува Кларк.

Според него, британските компании и британскиот бизнис трпат огромни загуби поради политиката на Камерон.

Најголемите компании во Велика Британија, како, на пример, Rolls-Royce Holdings PLC, најголемиот произведувач на реактивни мотори во светот, или SMD, компанија за производство на роботи кои инсталираат цевки за гасоводи - трпат големи загуби поради падот на рубљата. Многу нарачки се откажани или одложени, а тоа силно влијае на приходот на овие компании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња