Решението на САД да ја симнат блокадата од Куба е позитивен чекор, изјави шефот на МНР на Русија Сергеј Лавров во интервју за „Комерсант“, изразувајќи надеж дека потребно е повеќе време за да се разбере апсурдноста и бесмисленоста од било какви слични економски блокади.
Минатата недела Белата куќа објави „историска“ иницијатива за подобрување на односите со Куба, вклучувајќи и воспоставување на дипломатски односи (кои беа прекинати во 1961 година), раст на инвестициите и трговијата, дозвола за патување, дозвола за користење на американските кредитни картички во Куба и т.н. Притоа, изјавено е дека мали се шансите наскоро да бидат симнати санкциите против Хавана од страна на Конгресот на САД и покрај намерите на администрацијата на Обама.
Лавров забележа дека Москва „не само што го очекувала тоа, туку и со децении настојуваше да го покаже тоа што е очигледно - трговско-економската блокада од страна на САД е бесмислена и контрапродуктивна“.
„Секоја година во Генералното собрание на ООН во своите настапи повикуваме да се прекине таа бесмислена блокада. Фала Богу што конечно САД се решија на тоа. Тоа е позитивен чекор. Требаше време, но сепак..“, изјави рускиот министер за надворешни работи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.