Анкета: апсолутното мнозинство Руси ја одобрува дејноста на Путин

Анкетата покажа дека најпопуларен политичар во Русија е Владимир Путин, а по него доаѓаат Сергеј Шојгу, Сергеј Лавров и Дмитриј медведев.

Дејноста на Владимир Путин како претседател на Русија ја одобруваат 85% од жителите на државата, 14% не ја одобруваат, а само 1% од анкетираните не дале одговор, покажуват резултатите на ВЦИОМ.

На прашањето за односот кон дејноста на рускиот премиер Дмитриј Медведев, 63% од анкетираните одговориле дека ја одобруваат, додека 35% го изјавиле спротивното.

Освен тоа, спроведената анкета покажа дека дејноста на владата на Русија ја одобруваат 60% од жителите на Русија, а 39% не ги поддржуваат акциите на руската влада.

Анкетата покажа дека најпопуларен политичар во Русија е Владимир Путин, а по него доаѓаат Сергеј Шојгу, Сергеј Лавров и Дмитриј медведев.

Анкетата е извршена од 21 до 24 ноември 2014 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња