![]() |
Како реагираат Русите на падот на рубљата |
Курсот на рубљата за време на тргувањето во вторникот продолжи да расте поради мерките на владата.
Берзанскиот курс на рубљата во вторникот се стабилизираше по растот кој изнесува 50% од најниската точка, кога доларот се продаваше за 80, а еврото за 100 рубљи.
Официјалната потврда од владата наменета за државните компании за продажба на валута ги зајакна позициите на рубљата.
На фонот на добрите вести од владата, доларот и еврото во вторникот изнесуваа 52,88, односно 64,02 рубљи. Според ова, рубљата во однос на доларот зајакна за 51,5%, а во однос на еврото - за 56%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.