Медведев: лансирањето на ракетата „Ангара“ сведочи за добриот потенцијал на Русија

Освен тоа, вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека лансирањето на ракетата „Ангара“ е достоен одговор на западните санкции дека ништо нема да ѝ пречи на Русија во освојувањето на вселената.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека лансирањето на ракетата-носач „Ангара“ сведочи за добриот потенцијал на Русија, пренесува ТАСС.

„Ова лансирање покажува дека имаме добар потенцијал и дека сме способни да решаваме сложени и високотехнолошки задачи“, изјави Медведев.

Оваа изјава премиерот на Русија ја даде за време на средбата со генералниот директор на Обединетата ракетно-космичка корпорација Игор Комаров.

Освен тоа, вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин изјави дека лансирањето на ракетата „Ангара“ е достоен одговор на западните санкции дека ништо нема да ѝ пречи на Русија во освојувањето на вселената. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња