Кремљ: одбранбената способност на Русија нема да настрада поради „Мистралите“

Претседателот на Франција изјави дека „Мистралите“ ќе бидат испорачани на Русија само доколку се исполнат минските протоколи.
Русија остана без „Мистралите“

Шефот на администрацијата на претседателот на Русија Сергеј Иванов изјави дека Москва ќе биде задоволна од било какво решение околу „Мистралите“, било тоа да е финансиска компензација или испорака на бродовите, пишува РИА Новости.

„Нѐ задоволува било кое решение - или бродовите, или пари. Отворено ви кажувам - без „Мистралите“ одбраната на нашата татковина нема да настрада“, изјави Иванов.

Заменикот министер за одбрана на Русија Јуриј Борисов претходно изјави дека руската страна ќе биде задоволна од било кој тек на развој на настаните со француските носачи на хеликоптери.

Претседателот на Франција изјави дека „Мистралите“ ќе бидат испорачани на Русија само доколку се исполнат минските протоколи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња