Експерти: падот на рубљата негативно ќе влијае на бизнисот во Бугарија

Претставници на асоцијацијата за индустриски капитал во Бугарија соопштуваат дека падот на курсот на рубљата ќе се одрази најмногу на фармацевтската, машинската и електротехничката индустрија.

Асоцијацијата за индустриски капитал во Бугарија објави податоци за негативното влијание на падот на рубљата врз бугарскиот бизнис.

Кои се првите резултати од падот на руската валута?

Русија беше најголем трговски партнер на Бугарија во 2011, 2012 и 2013 година, па затоа последиците од девалвацијата на руската валута ќе бидат суштествени за бугарската економија. Трговијата меѓу двете земји во изминатите три години изнесува речиси 20 милијарди долари, а зад Русија се Германија и Италија со 18 и 13 милијарди долари.

Како што пренесува агенцијата „Новините“, претставници на Асоцијацијата од Бугарија изјавуваат дека падот на рубљата ќе се рефлектира најмногу на машинската, фармацевтската и електротехничката индустрија.

Поради значајното намалување на увозот на европски стоки во Русија од државите на ЕУ, Бугарија забележува намалување на производството и извозот на бугарски стоки во Русија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња