BBC се плаши дека ќе ја изгуби информативната војна со каналот Russia Today, пишува The Guardian. Поранешниот директор на BBC Питер Хорокс изјави дека руските и кинеските новински државни канали ја надминуваат британската служба на финансиски план, па затоа Лондон треба да разгледа можност BBC дополнително да се финансира за да може овој медиум да се спротивстави на „московската пропаганда“ во Европа.
![]() |
За западните колеги руските новинари се непријатели |
Како што забележа Хорокс, во среднорочна и долгорочна перспектива треба да се земат предвид трошоците на другите медиуми и да се споредат со трошоците на BBC. Според зборовите на поранешниот директор на службата, корпорацијата веќе побарала од МНР на Велика Британија дополнителна помош за да се подобри известувањето за Украина.
Весникот пишува дека МНР на Велика Британија го прекинал финансирањето на Светската служба на „Би-би-си“ во април.
Од своја страна, поранешниот амбасадор на Велика Британија во Москва Ентони Брентон изјави дека не го смета подемот на Russia Today за опасност, но забележа дека било какви намалувања на буџетот на BBC ќе бидат на штета на влијанието на Лондон во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче