Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го извести претседателот на Русија Владимир Путин за успешното прво лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“, соопштува РИА Новости.
„Во 8:57 по московско време успешно беше лансирана првата ратека-носач „Ангара-А5“, изјави Шојгу.
Од ракетата успешно се одвои горниот дел, во кој се наоѓа забрзувачкиот блок „Бриз-М“ и просторот за товар.
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека лансирањето на оваа ракета е значајно за вселенската индустрија на Русија. „Од своја страна ви честитам за успешното лансирање. Како што беше планирано, денес беше извршено првото тест-лансирање на ракетата-носач од тешка класа ’Ангара-А5’. Ова е навистина важна случка за Русија и за вселенската индустрија“, изјави претседателот на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче