Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека Русија ќе го зголеми бројот на авиони и хеликоптери во авиобазите во Белорусија, пренесува РИА Новости.
„Подготвен сум да разговарам денес за продолжување на нашата соработка на практично ниво. Тоа се однесува на системите С-300, како и зголемување на бројот на авиони и хеликоптери“, изјави Шојгу на средбата со белорускиот колега Андреј Равков.
Според зборовите на рускиот министер, тоа „треба да ја зајакне безбедноста на нашето заедничко воздушно пространство“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче