Премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека новиот закон за санкциите во САД ќе има долгорочни негативни последици за двете држави. Својата гледна точка премиерот на Русија ја даде на својата страница на Facebook.
Медведев смета дека законот Џексон-Веник, документ кој дава можност на секој американски претседател во било кој момент да примени санкции, ќе ги уништи односите меѓу Русија и САД за децении однапред. Исто така, Медведев забележа дека негативни последици ќе дојдат и од решенијата на претседателот на Украина Петро Порошенко за укинување на неутралниот блоковски статус на државата.
„Овие решенија ќе имаат крајно негативни последици. Нашата држава ќе мора да реагира на нив“, предупреди Медведев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче