JP Morgan даде пониска прогноза за растот на руската економија

Аналитичарите во инвестициската банка сметаат дека инфлацијата годинава ќе изнесува 10,1%, а во 2015 година - 9,2%.

JP Morgan ја влоши прогнозата за растот на руската економија, изјавувајќи дека  руската економија ќе падне не за 0,8%, како што досега беше планирано, туку за 3,3%, пренесува Интерфакс.

Аналитичарите во инвестициската банка сметаат дека инфлацијата годинава ќе изнесува 10,1%, а во 2015 година - 9,2%.

Поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин изјави дека во 2015 година руската економија ќе се намали за 2% доколку цената на нафтата изнесува 80 долари за барел. Ако цената на нафтата се задржи на сегашното ниво, односно 60 долари за барел, тогаш руската економија ќе доживее пад од 4%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња