Шефот на „Руските железници“ Владимир Јакунин смета дека Западот против Русија започна економска војна, пренесува ТАСС.
„Сметам дека терминот ’санкции’ е некој вид маска за она она што се случува во реалноста - а тоа е економска војна. Што се однесува до прашањето колку долго ќе ги издржиме санкциите - ќе ги издржиме колку и да треба. Насилно мил не можеш да бидеш, кажува нашата поговорка. Ќе соработуваме со тие кои сакаат балансиран свет и мир“, изјави Јакунин во Белград, одговарајќи на прашањето како Русија се справува во услови на западни санкции и слабеење на рубљата.
Шефот на „Руските железници“ смета дека слабеењето на рубљата засега нема силно влијание на дејноста на компанијата, подвлекувајќи дека „Руските железници“ своите основни приходи ги добиваат во рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче