Германската канцеларка Ангела Меркел ја смири „руската мечка“ и ја обедини Европа, пишува The Guardian. Како што забележува весникот, во 2014 година „битката“ за иднината на континентот ја водеа двајца политички лидери. Тоа е Меркел и претседателот на Русија Владимир Путин.
Во периодот од јануари до јуни се чинеше дека победува „руската мечка“, но сега, кога руската економија се наоѓа на работ на крах, победата може да ѝ припадне на „европската желка“, пишува весникот. Се додава дека Меркел одамна се смета за водечки политичар во Европа, но во годината на украинската криза таа стана главен европски политичар.
Авторот на статијата додава дека Меркел разговарала со Путин почесто отколку со било кој друг светски лидер: тие извршиле 35 телефонски разговори во првите осум месеци во 2014 година. Освен тоа, во материјалот се забележува дека Меркел е и лидер кој најчесто разговара со претседателот на САД.
„Битката за Европа воопшто не е завршена, и 2015 година може да донесе нови предизвици, а во 2014 година политички лидер на годината успеа да стане Меркел“, смета авторот на статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче