Тешката ракета „Ангара“ го чека првото лансирање

Тешката ракета-носач „Ангара-А5“ е поставена на рампата за лансирање на космодромот Плесецк во Русија. Ова ќе биде прво лансирање на овој вид ракета, јавува ТАСС.

Тешката ракета-носач „Ангара-А5“ е поставена на рампата за лансирање на космодромот Плесецк во Русија. Ова ќе биде прво лансирање на овој вид ракета, јавува ТАСС.

Лансирањето е планирано да се изврши на 23 декември во 9:00 часот. „Ракетата е поставена на рампата за лансирање. Недела е вториот ден за подготовка за лансирањето. Тогаш се проверува електронскиот систем на ракетата-носач“, изјави за ТАСС извор во ракетно-космичкиот сектор.

Летово беше лансирана „лесната“ верзија на „Ангара“.

„Ангара“ е еден од приоритетните проекти во руската вселенска индустрија. Нејзиното вклучување во вселенската програма ќе овозможи лансирање на сите видови вселенски апарати од територијата на Русија. Експертите сметаат дека таа ќе ја замени ракетата „Протон“, која може да се лансира само од космодромот „Бајконур“ во Казахстан. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња