Премиерот на Италија: Русија игра стратешка улога во Европа

Претходно европратеникот Матео Салвини изјави дека во Европа расте бројот на противници на антируските санкции.

Премиерот на Италија Матео Ренци изјави дека Русија игра стратешка улога за Европа, и затоа треба оваа земја да се земе предвид во идните политички решенија, пишува италијанскиот весник Il Foglio.

Според зборовите на Ренци, „треба да се најдат пресечни точки за да се дојде до дипломатско решение на проблемите, бидејќи никој не сака да ѝ нанесе штета на Русија“.

Претходно европратеникот Матео Салвини изјави дека во Европа расте бројот на противници на антируските санкции.

„Во Европа се проширува фронтот на противници за воведување санкции против Русија. Тоа е добра вест“, изјави Салвини. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња