Падот на вредноста на рубљата „не е последица на санкциите на САД“

Силниот пад на вредноста на рубљата во последните неколку месеци не е поврзан со санкциите и тоа не е заслуга на претседателот на САД Барак Обама.

Силниот пад на вредноста на рубљата во последните неколку месеци не е поврзан со санкциите и тоа не е заслуга на претседателот на САД Барак Обама. До падот дојде поради прекинот на политиката на „квантитативно попуштање“ од страна на Сојузните резерви на САД, изјави за РИА Новости првиот заменик на претседателот на Комитетот во Државата дума за економска политика Михаил Емелјанов.

Руската рубља ги преживеа двата најлоши дена во историјата

Претходно Системот на сојузните резерви на САД одлучи да ја прекине програмата на „квантитативно попуштање“ и да ја задржи основната каматна стапка на ниво од 0 до 0,25% годишно.

„Ако сегашната ситуација има влијание од санкциите, тогаш тоа е многу мало влијание. Проблемот е во нешто друго. Десет години траеше јакнењето на рубљата. Тоа беше поврзано со политиката на „квантитативно попуштање“ во САД, во рамките на која доларот беше „пумпан“ во светската економија, вклучувајќи ја и руската економија. Нормално, поради тоа доларот ја губеше својата вредност... Поради тоа рубљата непропорционално, вештачки јакнеше“, изјави Емелјанов.

„Секако, кога Сојузните резерви на САД ја променија политиката и започнаа да го јакнат доларот, валутите во земјите на развој, меѓу кои е и рубљата, започнаа да губат од вредноста“, изјави Емелјанов. Според зборовите на Емелјанов, санкциите одиграле најмала улога во падот на националната економија. „Да не беа санкциите, рубљата пак би паднала поради политиката Сојузните резерви на САД. Ним им одговара така да работат, да ја развиваат својата економија и тоа воопшто не е завера против нас“, истакна Емелјанов.

Тој додаде дека санкциите и влошувањето на состојбата со рубљата не се заслуга на Обама. „Тоа што Обама кажува дека санкциите се негова заслуга - тоа е само толкување на ситуацијата во своја корист. Да не беа санкциите, ситуацијата ќе беше иста. Санкциите најмалку влијаеја на падот на рубљата. Затоа Обама не треба да се фали околу тоа“, изјави Емелјанов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња