Западни медиуми: шефот на МНР на Германија ја предупреди ЕУ да не носи нови санкции против Русија

„Можам само да предупредам да не се воведуваат нови санкции“, изјави Штајнмаер.

Шефот на МНР на Германија Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека не сака воведување нови санкции против Русија, додавајќи дека истите може да предизвикаат непоправливи последици, пишува Der Spiegel.

Како што изјави Штајнмаер, сите кои сакаат дестабилизација на руската економија прават сериозна грешка. Тој подвлече дека тоа нема да доведе до поголема безбедност во Европа.

„Оние кои сакаат Русија да ја натераат да падне на колена на економски план прават сериозна грешка. Тие сметаат дека тоа ќе доведе до поголема безбедност во Европа“, подвлече Штајнмаер.

„Можам само да предупредам да не се воведуваат нови санкции“, изјави Штајнмаер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња